Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу пладне по наше време во централна Грција.
Епицентарот на земјотресот бил недалеку од Ливадеја, а тресењето на земјата е почувствувано и во реонот на Атина.
„Кратко, но силно“, „Заниша на 2-ри кат“, сведочат Грците на ЕМСЦ.
Засега не се знае дали има материјална штета.