Зека: Косово повторно аплицираше за прием во Интерпол

Од:

Заменикот-министер за внатрешни работи на Косово Изми Зека потврди дека властите во Приштина повторно поднеле барање за членство во Интерпол. Тој за Радио Слободна Европа на албански јазик изјави дека барањето е поднесено на 31 јануари оваа година.

– Интерпол потврди дека го добил барањето на Косово. Сега постојат технички прашања и политички аспекти кои Косово треба да ги спроведе во согласност со своите дипломатски обврски, така што кога ќе се одржи седницата на Интерпол, тогаш ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата. Сепак, веруваме дека оваа година ќе биде поголема ангажираноста за Косово да биде рамноправно со сите други држави и да има директен пристап до Интерпол, рече Зека.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ минатата недела рече дека Косово повторно поднело барање за членство во Интерпол и рече дека не ја разбира потребата од такви самоубиствени потези.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски