Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

Од:

Завршено е собирањето докази за тешката сообраќајна несреќа на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија и истрагата е при крај. Во моментов се собрани огромен број докази, неопходни за расветлување на објективната вистина, изјави за БТА портпаролката на главниот обвинител Сијка Милева.

Инцидентот се случи на крајот на ноември, кога автобус со регистрација од Македонија го зафати пожар и овеќе од 40 луѓе, меѓу кои и деца, загинаа. Туристите патуваа од Турција до Македонија.

– Она што останува да се направи е да се испрати молба за правна помош до Скопје, со цел да се информираат и запознаат роднините на жртвите. Според бугарското законодавство, тие имаат право да поднесат граѓанска тужба во судската постапка и да се запознаат со материјалите од предистражната постапка, додаде Милева.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Повредените во бугарските болници се стабилни, ќе бидат потребни и пластични операции

Катерина Ѓуровски

Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит на загинатите во Кочани

Состојбата на 14-те повредени кои се лекуваат во Бугарија и натаму е сериозна

Во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина е ден на жалост поради трагедијата во Кочани

Катерина Ѓуровски

Во Бугарија утре Ден на жалост во знак на солидарност со Македонија

Состојбата на 14-те повредени од пожарот во Кочани во бугарските болници е тешка, петмина се интубирани