Заврши штрајкот на грчките цариници

Од:

Граничните премини кон Грција се отворени, и од утрово се пропуштаат камионите кои два дена чекаа за влез кај нашиот јужен сосед поради штрајкот на грчките цариници.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Утринава од шест часот завршен е штрајкот на Грчките цариници на гранични премини кон Македонија при што сообраќајот е повторно нормализиран. Што се однесува до останатите граничните премини за излез и влез од државата, не се бележат подолги задржувања и чекања.

Од АМСМ препорачуваат поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има можност за појава на помали одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Утринава од шест часот завршен е штрајкот на Грчките цариници на гранични премини кон Македонија при што сообраќајот е повторно нормализиран.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната