Заврши првиот состанок во рамките на Конференцијата на ОН за Кипар

Од:

Во Женева денеска заврши првиот состанок во рамките на Конференцијата на Обединети нации за Кипар, која беше отворена од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, а потоа свое обраќање имаа претседателот на Кипар, Никос Анастасиадес и лидерот на кипарските Турци, Мустафа Акинџи.

На Конференцијата говори одржаа и министрите за надворешни работи на Грција и на Турција, Никос Коѕиас и Мевлут Чавашоглу, шефот на британската дипломатија Борис Џонсон и претседателот на Европска комисија Жан-Клод Јункер.

Во преговорите за повторно обединување на Кипар во Женева ќе се приклучи и премиерот на Турција Бинали Јилдирим. Неговото присуство се оценува како сигнал дека е можно да биде постигнат напредок.

Неименуван извор од ОН посочи дека доаѓањето на Јилдирим во Женева не значи дека сигурно ќе биде постигнат договор, кој за да стапи во сила, потребно е да биде потврден на референдум од двете заедници на Кипар.

Специјалниот пратеник на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде пред два дена изјави дека тешко е да се постигне мировен договор за Кипар, но оти тоа не е невозможно.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ