Еден затвореник во Грција, познат по тоа што веќе двапати успеал да побегне од затвор, зароби шест лица и се заканува дека ќе предизвика експлозија во грчкиот затвор Маландрино, доколку не биде ослободен.
Според локалните медиуми, осуденикот со албанска националност Алкет Ризај, за заложници има четворица затворски чувари и двајца затвореници, а вооружен е со две рачни бомби и ножеви.
На фотографијата направена од еден затвореник се гледа како Ризај стои пред заложниците, кои сите имаат лисици на рацете. На местото на инцидентот има зајакнато полициско присуство, а доведен е и адвокатот на Ризај за да учествува во преговорите.
Ризај (36) во 2003 година осуден е на доживотна казна поради убиства, Тој двапати побегна од атинскито затвор Коридалос со максимално обезбедување. Во 2006 и во 2009 година од затворот побегна со хеликоптер.