Затворен патот од Качаник до границата со Македонија поради градежни работи

Од:

Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје.

Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од 9:30 до 11:30 и потоа од 13:30 до 16:00 часот.

Министерството ги замоли граѓаните во тие временски интервали да не го користат тој пат.

На автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со Македонија, во тек се работите на последната делница, односно на мостот долг над пет километри меѓу Качаник и Генерал Јанковиќ, односно Блаце. Очекувањата се дека тој ќе биде целосно пуштен во употреба до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

А1он

(ВИДЕО) Инцидент во училиште во Косово: Куче повреди четири деца и полицаец

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија