Затворањето на ЕРТ ќе ја чини Грција најмалку 300 милиони евра

Од:

Затворањето на ЕРТ ќе чини грчката држава најмалку 300 милиони евра, соопштија вработените во јавниот радиодифузер.

Сметајќи го надоместокот и трошоците за откажување на договори и други услуги, персоналот тврди дека загубите ќе се искачат на половина милијарда евра, без да дадат подетални објаснувања.

– Надоместокот за 2.650 вработени, откажувањето на договорите за продукција на програми, трошоците за сите видови надоместоци. Сите се префрлени на државна сметка и во буџетот кој има голем дефицит, соопшти претставник на вработените во ЕРТ.

Персоналот исто така соопшти дека ќе продолжи да работи нон стоп, иако сигналот на радиодифузерот не е повторно воспоставен и покрај одлуката на Државниот совет дека тој не треба да се затвори за време на реструктуирањето, но се пренесува во живо на неколку интернет страници.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица