На полноќ почнува изборниот молк пред повторените избори во сабота на 30 декември на 34 избирачки места во Србија.
Истиот ден ќе се гласа на три избирачки места за Собранието на град Белград, бидејќи на две места гласањето беше откажано, а во едно не беше можно да се утврди резултатот.
ГИК донесе решенија за именување постојан и проширен избирачки одбор за спроведување на прегласување на изборите за советници на градското собрание на Белград, закажани за 30 декември, за избирачкото место број 73 во општина Вождовац и избирачките места број 15 и 122 во градската општина Нов Белград.
Во сабота на 30 декември од 7 до 20 часот ќе се прегласува.