ЕУ: Изборниот процес во Србија треба да се подобри и реформира

Од:

Европската Унија денеска соопшти дека изборниот процес во Србија треба да се подобри и реформира, по критиките на меѓународните набљудувачи кои оценија дека има многу нерегуларности на изборите одржани во неделата, а на кои победи владејачката партија.

„Со загриженост заклучуваме дека изборниот процес бара опипливо подобрување и дополнителни реформи“, рече портпаролката на Европската Комисија.

– Европскиот парламент е подготвен да посредува меѓу владејачката партија и опозицијата во Белград, изјави германската европратеничка од зелените, Виола фон Крамон, член на набљудувачите на изборите.

Меѓународните набљудувачи критикуваа бројни нерегуларности на изборите.

„Србија гласаше, но ОБСЕ укажа на случаи на злоупотреба на јавни средства, заплашување гласачи и купување гласови“, критикуваше германското Министерство за надворешни работи.

Според прелиминарните резултати, владејачката Српска напредна партија (СНС), од чие раководство Вучиќ формално се повлече во мај оваа година, освои 46,7 отсто од гласовите. Левичарската проевропска опозициска коалиција „Србија против насилството“ освои 23,5 отсто од гласовите.

Би можело да ве интересира

Листата „Србија не смее да запре“ со убедлива разлика на сите избирачки места каде што се одржаа повторени избори

Велтвохе: Кога победува Вучиќ, медиумите пишуваат за „украдени избори“, а кога Бајден ќе победи – се е чисто

Започнува изборниот молк, во сабота ќе се прегласува на 34 избирачки места во Србија

ВИДЕО: Студентите ги блокираат големите булевари во Белград

Додик: Не очекувавме напади од Белград врз Србите од РС, тоа е болно за нас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Насилство на протестот на опозицијата: Се удираа со клоци и тупаници

Предраг Петровиќ