Запленети рекордни два тона хероин во Грција

Од:

Грчката полиција заплени во изминатите десет денови повеќе од два тона хероин, што е рекордно запленето количество на тој наркотик во Европа, соопштија властите во Атина.

Речиси еден тон хероин се откриени во складиште близу Атина во петокот, а претходно на 12 јуни полицијата заплени повеќе од еден тон од таа дрога, исто така во складиште близу Атина.

Министерот за трговска морнарица Милтиадис Варвициоти изјави денеска дека тоа е „најголема количина хероин запленета во Европа“.

Грчката пристанишна полиција соопшти денеска дека 986 килограми хероин се внесени во Грција на танкер кој исто така е запленет во петокот. Танкерот пловел под знаме на Того, а е во сопственост на грчка компанија. Приведени се 14 луѓе.

Грчката полиција на 12 јуни заплени 1.113 кг хероин во складиште во Атина во акција која била координирана со американските власти. Хероинот требало да биде транспортиран со камион од Грција кон европски пазари. 

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор