Убиството на Оливер Ивановиќ и обидот за укинување на Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК беа централна тема на синоќешната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Западот со нова иницијатива за промена на форматот на седницата на Советот за безбедност за Косово и за мандатот на УНМИК, додека Русија, Кина, Казахстан и Србија се против.
Новиот план, врз основа на кој влијанието на УНМИК постепено ќе се намали и на крајот ќе се укине, беше презентиран од холандскиот амбасадор во Хрватска, Чарлс Остер, кој во неколку точки ја претстави идејата за тоа како ситуацијата во Косово ќе се дискутира во иднина во Советот за безбедност.
Според него, Советот за безбедност, наместо на седници, за ситуацијата на Косово ќе дискутира на консултации, и двапати, наместо четирипати годишно, ќе расправа за ситуацијата на Косово со сериозна промена во мандатот и опфатот на мисијата на ОН во Косово.
Амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на седницата ги повикаа Белград и Приштина да ги продолжат преговорите.