Западни дипломати им предлагаат на Албанците сами да го преместат споменикот во Прешево

Од:

Дипломатски претставници на западните земји им предложија на политичките партии на Албнците во Прешево самите да го преместат спорниот споменик на припадниците на расформираната Ослободителна војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац и на Ослободителната војска на Косово од центарот на Прешево, на друга локација, пишува весникот „Данас“, повикувајќи се на дипломатски извори.

Идејата на дипломатите е на тој начин да „се спречи интервенцијата на припадниците на државните органи на Србија“, кои најавија дека до 17 јануари, за кога во Брисел се закажани преговорите Белград-Приштина, спорниот споменик да биде отстранет, додава весникот.

Дипломатите предлагаат и Националниот совет на Албанците „под итно да усвои предлог за изгледот на знамето на албанската национална заедница на југот на Србија“, со цел да се избегне досегашното истакнување на знамето на собирите на југот на Србија, а во согласнот со важечкиот Закон за национални малцинства.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор