Западен Балкан тема на шефовите на дипломатии на ЕУ во Хелсинки

Од:

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска и утре во Хелсинки на неофицијална средба ќе разговараат за повеќе прашања, како на пример хибридните закани, за Блискиот Исток, Иран, но и за регионалната соработка на Западен Балкан.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ и нејзините партнери од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Албанија, БиХ, Косово, Црна Гора) утре ќе ја разгледуваат ситуацијата во регионот која е комплицирана, посебно поради таксите кои Косово ги воведе на производите од Србија и БиХ, како и неформирањето Влада во БиХ десет месеци по изборите.

Собирот на шефовите на дипломатиите на ЕУ почнува денеска со ручек заедно со министрите за одбрана на Унијата, а главна тема ќе бидат хибридните закани – јакнење на отпорноста и подигнување на светса за хибридните закани. Потоа министрите за надворешни работи подетално ќе ја разгледаат ситуацијата на Блискиот Исток и нуклеарниот договор со Иран.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини би можела вечерва или утре да „ја искористи можноста“ да ги стави на дневен ред „најрелевантните прашања“ во овој момент, како што е ситуацијата во Хонгконг или пожарите во Амазонија.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ