Робин Даниган, заменичка-помошен секретар за Централна и Источна Европа во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот на САД, пристигнува во посета на Софија.
Таа во Бугарија ќе биде до 9 септември, соопшти Амбасадата на САД во Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа со своите бугарски соговорници ќе разговара за прашања поврзани со борбата против корупцијата, зајакнувањето на владеењето на правото, спречувањето на трговијата со луѓе и зголемувањето на безбедноста на границите на земјата.
Даниган ќе се сретне и со претставници на граѓанското општество и медиумите за да разговара за напорите за борба против дезинформациите. Нејзината посета ја покажува важноста на односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бугарија и високата оценка што владата на САД ја дава на нивното меѓусебно стабилно партнерство.
Извор: МИА