Закрепнуваат ранетите во Врачар и Младеновац

Од:

Министерката за здравство на Србија, проф. д-р Даница Грујичиќ денеска изјави дека сите повредени во двата масакри во Србија покажуваат знаци на закрепнување.

Како што рече, само едно лице е на интензивна нега, а момчето повредено во училиштето во Врачар е пренесено во Институтот за мајки и деца „Д-р Вукан Чупиќ“.

„Што се однесува до повредените во пукањето во училиштето, наставничката и девојчето кои се наоѓаат во Клиничкиот центар се стабилни, а за момчето на кое му е повреден рбетниот мозок е префрлено во Институтот за мајка и дете, да се одвикне од респиратор. Направена е трахеотомија за полесно да дише, свесен е, комуникативен, зборува, ја движи левата рака, има значително оштетување и на ‘рбетниот мозок и на периферните нерви на десната рака, но сеуште е рано да зборуваме за било што бидејќи поминаа само две недели. Не знаеме какви ќе бидат конечните последици, тој има свое дишење“, рече министерката.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата