Загреб: Починаа двајца пациенти кои беа заразени со Легионерска болест

Од:

Две лица на загрепската болница „Ребро“ починаа денеска откако се заразиле со легионела.

Според Danas.hr, вкупно шест лица се заразиле со Легионерска болест во болница. Додаваат дека сите заразени имаат тешки коморбидитети и се имунокомпромитирани.

КБЦ Загреб претходно потврди дека легионела се појавила во болница и дека ја изолирале во вода.

„Веднаш го алармиравме Хрватскиот институт за јавно здравје кој ги направи сите анализи и бактеријата е изолирана во водоводниот систем, во моментов е во тек пастеризацијата, односно се пушта топла вода од сите чешми во болницата“ изјави Миливој Новак, помошник директор за квалитет.

Легионерската болест е атипична пневмонија предизвикана од бактерии. Се третира со антибиотици, азитромицин, кинолони или рифампицин.

Би можело да ве интересира

Се зголемува бројот на починати во Загреб кои беа заразени со легионела

Загреб: Пет пациенти со Легионерска болест, двајца во тешка состојба

Горан Наумовски

Три деца и воспитувачка заразени со бактеријата мрса во градинка во Кисела Вода

Над 300 лица со симптоми на грип

Ана Ололовска

Опасната бактерија Стрептококус се шири меѓу децата во охридските градинки

Ана Ололовска

Седми случај на Западен Нил во Македонија

Ана Ололовска