Задржан товарен брод со оружје на грчкиот остров Крит

Од:

Товарен брод со оружје, кој пловел под знамето на Того бил задржан на островот Крит, јавија грчките медиуми.

Бродот, кој тргнал од Турција, е задржан по сигнал на грчката разузнавачка служба.

На бродот се пронајдени шест контејнери со илјадници парчиња огнено оружје, муниција и експлозивни направи.

Грчките власти истражуваат дали оружјето е законски превезувано. Единаесетчлениот екипаж на бродот вклучува и Сиријци.

Првата станица на бродот била Либан, а потоа требал да стигне до североисточна Африка.

Би можело да ве интересира

Едно лице повредено, наредена евакуација на четири населени места на Крит поради пожар

Силен земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски

Авион падна во морето кај Крит: Две лица се исчезнати

Девојка од Србија е претепана од пријатели со кои дошла на Крит

Земјотрес го погоди грчкиот остров Крит

Земјотрес го погоди Крит

Горан Наумовски