За Самитот во Софија многу отворени прашања за домаќинот

Од:

Бугарија подготвува комплицирана кореографија за претстојниот Самит ЕУ-Западен Балкан на 17 мај во Софија за да ги задоволи членкие на ЕУ што не го признаваат Косово.

Според порталот bulgarianpresidency.eu поради учеството на Косово чија независност не ја признаваат пет членки на Унијата (Шпанија, Грција, Кипар, Словачка, Романија) на Самитот нема сите повикани да бидат застапени на највисоко ниво (премиер – претседател).

Шефот на бугарската дипломатија Екатерина Захариева изјави дека не е извесно кои држави ќе бидат застапени на пониско ниво освен Шпанија чиј премиер Марјано Рахој рече на 23 март дека ќе учествува само на вечерата на 16 мај.

Според Захариева, Самитот ќе се одвива во два формата, објави Еурактив.

Пред Самитот на 16 мај на вечерата ќе бидат само 28 земји членки на ЕУ и лидери на институции на ЕУ и темата нема да биде Западен Балкан, туку дигиталната агенда на Унијата.

Следниот ден ќе биде одржан состанок 28+6 (Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија, БиХ, Косово).

Домаќин на состанокот е бугарскиот премиер Бојко Борисов, но со разговорите ќе претседава шефот на ЕС Доналд Туск заедно со претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер.

Кога станува збор за завршната декларација Захариева нагласи дека некои држави не сакаат да бидат потписнички на текстот заедно со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Таа вели дека повеќе би сакала завршната декларација да ја донесат само 28 држави од ЕУ.

Меѓутоа, дел од медиумите нагласуваат дека на државите од Западен Балкан не им се допаѓа нацрт конечниот документ што се фокусира само на поврзување и инфраструктура и би сакале декларацијата да биде заедничка – на 28 држави од ЕУ и шест од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар