За прв пат од почетокот на пандемијата ниеден пациент со Ковид-19 на приштинската инфективна клиника

Од:

Болничко-клиничката универзитетска служба на Косово објави денеска дека, за прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирусот, на Инфективната клиника на Клиничкиот универзитетски центар на Косово (ЌКУК) не се лекува ниеден пациент со Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението, во цело Косово единствено во болницата во Ѓаковица е сместено едно лице заболено од Ковид-19, додека со пост-ковид во ЌКУК се третираат три лица.

Инфективната клиника во Приштина пред неколку месеци, по смирувањето на ситуацијата со пандемијата, почна да нуди здравствени услуги и за пациенти со други заразни болести.

Дневните случаи со Ковид-19 значително опаднаа последните месеци во Косово. Така на пример, според Министерството за здравство, пред три дена, од околу 900 тестирани како заразени резултираа само три лица, додека вчера од исто толку извршени тестирања позитивни на вирусот биле 19 лица.

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во Косово, според последните официјални податоци, изнесува 434.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија