За една година над 30.000 мигранти пристигнале на грчките острови, но само 944 се вратиле назад во Турција

Од:

Иладници мигранти пристигнуваат на грчките острови, но малкумина ја напуштиле Грција. Истовремено, и покрај намалувањето на миграциските токови кон островите, што процентуално стигна до 97 отсто по примената на спогодбата меѓу ЕУ и Турција, илајдници луѓе, во многу тешки услови, се блокирани во жешките точки на островите Лезбос, Хиос, Самос, Кос и Лерос, пренесе весникот „Катимерини“.

Весникот цитира податоци на Европската комисија, што покажуваат дека од 20 март 2016 година до 4 април 2017 година на грчките острови пристигнале 30.565 мигранти, а во истиот интервал едвај 944 лица биле вратени назад во Турција, како реализација на спогодбата.

Паралелно со ова, 7.220 бегалци и оние кои побарале азил, од островите биле префрлени во внатрешноста на Грција, затоа што властите им ги одобриле барањата за азил или затоа што било одлучено дека треба да бидат преместени, бидејќи тоа во најголем случај биле деца и семејства.

Би можело да ве интересира

Грк се забарикадира во работилница, уби две лица, сега се заканува со граната

(ВИДЕО) Егзодус од Санторини, 11.000 жители го напуштија островот

Нов, најсилен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала попладнево го погоди Санторини

Мицотакис ги моли граѓаните на Санторини да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он