За четири дена на Лезбос пристигнале околу 500 илегални имигранти

Од:

Во последните четири дена на грчкиот остров Лезбос пристигнале 497 илегални имигранти, претежно Сиријци, од кои 85 имигранти биле регистрирани претпладнево, јави дописникот на МИА од Атина.

Во меѓувреме, бројот на непријавени имигранти и бегалци кои пристигнале на островите во источниот Егеј во првите месеци на 2015 година се зголемил за трипати во споредба со истиот период лани.

Според податоци на крајбрежната стража, 10.445 лица, од кои 6.498 во март, пристигнале во Грција по морски пат, во периодот од јануари до март годинава, додека во истиот период лани бројот на мигранти без документи изнесувал 2.863 лица.

Во извештајот се забележува дека еден од двајца имигранти влегуваат во Грција преку островот Лезбос што укажува на тоа дека најголемиот број мигранти на островот доаѓаат од турскиот брег кој е од спротива.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас за денеска закажа министерски состанок посветен на зголемениот број мигранти. На средбата ќе учествуваат неколку министри, адмиралот на крајбрежната стража, и специјален советник на еврокомесарот за миграција Аврамопулос.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица