Фериботот „Елефтериос Венизелос“ со 2.477 бегалци од островот Лезбос денеска пристигна на пристаништето Пиреја.
Вчера со траектот „Аријадна“ во Пиреја беа донесени 1.300 бегалци од пристаништето Митилена, а со фериботот „Блу стар“ во атинското пристаниште пристигнаа уште 1.922 бегалци од Лезбос.