За 16 месеци во Грција регистирани 281 расно мотивирани напади

Од:

Во периодот од јануари 2012, па до април 2013 година, во Грцоја се регистрирани 281 расно мотивирани напади, во кои загинаа четири лица, а околу 400 беа повредени, соопшти грчкиот народен правобранител Калиопе Спану.

– Порастот на расистичкото насилство, неказнувањето на напаѓачите и нереагирањето од страна на државните органи, ги поткопуваат социјалната кохезија и основите на државноста, нагласи Спану при презенрацијата на својот извештај за расно мотивираните инциденти пред пратениците во грчкиот Парламент.

Таа нагласи дека од вкупно 281-от случај на расно мотивирани насилства пријавени во најзината канцеларија, во 71 били инволвирани членови или сипатизери на неонацистичката партија Златна зора, а во 47 биле вмешани и полициски службеници.

Спану во обраќањето повика и на создавање на официјален регистар на лица инволвирани во активности со расистичка позадина.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица