Вулин: УНМИК го наруши статусот на неутралност

Од:

Да се прашаат сите членови на Советот за безбедност на ОН дали биле консултирани за одлуката на УНМИК да се укине потерницата на Интерпол за Рамуш Харадинај, побара министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин.

-Сметам дека на Советот за безбедност треба да се прашаат сите членки дали биле консултирани за потегот на УНМИК. Дали тоа го сториле во свое име, администрацијата на Косово и Метохија или врз основа на мандат, кој го имааат од сите членови на Советот за безбедност, рече Вулин.

Тој смета дека со овој потег УНМИК ја нарушил својата репутација кај Србите.

– Со ова, според мое мислење, УНМИК го наруши статусот на неутралност, она што е клуч на неговиот мандат, заклучи Вулин.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор