Вулин: Македонија треба да знае дека за нас е важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол

Од:

Властите во Македонија треба да ја водат политиката во својата земја, но треба да знаат дека на нас ни е многу важно Косово да не биде член на УНЕСКО и Интерпол, изјави денеска српскиот министер за одбрана, Александар Вулин.

– И Македонија и сите други земји треба да знаат дека прашањето за членството на Косово во УНЕСКО и Интерпол ни е од големо значење и оти сметаме дека Косово не смее и не може да биде дел од тие организации. Сите земји што го знаат тоа, ќе разберат дека и „нашите односи во голем дел ќе се основаат на тоа“.

– Ние мораме да водиме грижа за нашите интереси, наведе Вулин.

Тој смета дека македонските власти треба да ја водат политиката на својата земја.

Вулин посочи дека, Србија никогаш на никого не му поставува препреки за самостојно да одлучува за својата земја, бидејќи ниту Србија не им дозволува на другите да одлучуваат во нејзино име.

– Така треба да работат и претставниците на властите во Македонија, но треба да знаат дека на нас ни е важно Косово да не биде член на Унеско и Интерпол, заклучи Вулин.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Македонија и екс-Ју државите в петок бојкотираат маркети

Катерина Ѓуровски

Брнабиќ: На дневен ред на собраниската седница ќе ставиме расправа за довербата кон мене и кон Владата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 24-часовна блокада на Автокоманда во Белград

Гренел за протестите во Србија: Новата американска влада не ги поддржува оние кои насилно ја преземаат власта

А1он