Вуцис: Слоганот „Македонија е една и грчка“ е иредентистички

Од:

Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис смета дека слоганот „Македонија е една и грчка“ што се слушаше на протестите во Грција е „доста иредентистички слоган“, јави дописничката на МИА од Атина

Говорејќи на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, Вуцис рече дека опозициските партии како Нова демократија, но и ПАСОК се служеле со трик во изминатите месеци и не се обиделе да го разграничат ставот за сложено име со географска одредница ерга омнес, од ставот изразен на протестите „никогаш и никаде да не се користи терминот Македонија, бидејќи Македонија е една и грчка.

Претседателот на грчкиот Парламент рече дека Договорот од Преспа е историски и од голема важност.

-Тоа е историски договор за Балканот, за Европската унија кој нишајќи се ја бара својата улога и односот со Балканот, за улогата на Балканот во целост во блиска иднина и перспективата во рамките на Европска унија која треба да го најде својот чекор во насоката што сакаме. Тоа е историски договор за стабилноста во регионот, за илјада други причини, не само за нашите национални интереси. Во оваа смисла е историски договор што има многу голема важност, рече Вуцис.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он