Грција нема да го изврши плаќањето на долгот кон Меѓународниот монетарен фонд следниот месец, бидејќи нема пари, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи, Никос Вуцис.
– Четирите исплати за ММФ во јуни изнесуваат 1,6 милијарди евра, тие пари нема да бидат дадени и ги немаме за да ги дадеме, рече Вуцис во неделната програма на грчката телевизија Мега.
Преговорите со кредиторите од Европската унија и ММФ траат веќе четири месеци. Нивното успешно финализирање би и донело на Грција помош од 7,2 милијарди евра, но преговорите заглавија околу пензиското осигурување и пазарот на труд, предложени од кредиторите.