Вучиќ за војната во Украина: Се надевам на договор, но се плашам дека може само да се влоши

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека се надева на договор кога е во прашање војната во Украина, но не го гледа, па стравува дека може само да се влоши.

– Се плашам дека само ќе се влоши. Проблемот е што никој не сака компромис, само пораз на другата страна. Додека работите не станат појасни, а нема да станат појасни наскоро, се плашам дека ќе имаме тежок конфликт и сè потешка ситуација – рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето дали верувате дека ќе има договор, примирје во Украина.

Тој изјави дека до крајот на зимата остануваат уште пет месеци и шест дена и дека секој ден што ќе помине е важен.

Тој изјави и дека за неколку дена почнува грејната сезона, додавајќи иронично дека чека некој да се појави денеска, на 25 степени, за да протестира што нема греење, во кошули со кратки ракави.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да има преодна влада додека сум жив, нема да прифатам уцени

Вучиќ: Целта беше да се изврши Шарена револуција во Србија

Горан Наумовски

Вучиќ во разговор со Трамп Јуниор: Сѐ што се случи во САД, се случува и во Србија

Вучиќ: Сите кои учествуваат во подготовката на државниот удар ќе одговараат според законот

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема опција блокадите да завршат до 17 март, ќе се обидеме да го направиме тоа до април

Вучиќ: За жал, не можеме да го исполниме вашето основно барање