Вучиќ за Извештајот на ЕК: Србија има назадување само околу санкциите кон Русија

Од:

Претседателот Александар Вучиќ по предавањето на Годишниот извештај на ЕК за Србија на прес конференција изјави дека тој во голема мерка е задоволен од напишаното и суштината во најголем дел се однесува на односот кон санкциите на Руската федерација, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Ова е политичко прашање и ЕК е во право, денес усогласеноста на Србија со надворешната политика на ЕУ изнесува 45,03 отсто, што значи дека сепак за нешто сме гласале, но не и за Русија. Што да правиме кога тие секој ден излегуваат со резолуции и декларации само против Руската федерација. Ги разбираме ние нив, но за ниту една декларација немаме гласано. Им пренеов дека со голема сериозност и одговорност ќе ги земеме во предвид нивните ставови и предлози за ова прашање, изјави Вучиќ.

Според Вучиќ овој политички извештај го има обоено целиот извештај, оценувајќи дека „ова е единствен дел во кој Србија назадува на европскиот пат, а тоа се санкциите кон Русија и усогласеноста со надворешната политика на ЕУ, што е точно заради политичката одлука на Србија заради која таа плаќа консеквенци“.

Вучиќ кажа дека ЕК констатирала дека Србија е подготвена да го отвори кластерот 3 и севкупно гледано извештајот на ЕК овозможува заедно со Брисел продолжување на работата на полето на реформите.

Српскиот претседател оцени и дека во извештајот е нотирано дека Србија гради добрососедски односи со сите, освен со Хрватска кои се затегнати, но и дека со некои соседи има најдобри односи во поновата историја на Србија.

Во поглед на дијалогот со Косово, Вучиќ кажа дека во извештајот Србија е „нешто подобро или нешто малку полошо оценета“, додавајќи дека на Србија и претстои тежок пат и да нема да има добри вести по ова прашање.

Би можело да ве интересира

Вучиќ на СБ на ОН: Со изборната кампања на Курти во Северна Македонија, тој ја поткопува регионалната стабилност

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

(ВИДЕО) Вучиќ: Вчера над Ваљево леташе балон или шпионски дрон, следниот пат ќе го собориме

Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

(ВИДЕО) Вучиќ и Орбан одговараа на ТикТок: Ќебапи или гулаш

Катерина Ѓуровски