Вучиќ: Во декември просечната плата ќе биде 804 евра

Од:

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вечерва истакна дека во декември просечната плата ќе биде 804 евра, а дека следната година во декември ќе биде 960, речиси 1.000 евра.

Тој додаде дека просечната пензија на крајот на следната година ќе изнесува 390 евра, без да се загрозат јавните финансии.

„Во септември на 214.000 лица им се зголемиле платите за 5,5 отсто, од 1 јануари ќе добијат уште 11 отсто, што е повеќе од просечната годишна инфлација која е околу 11 или 12 отсто, од 1 октомври пензионерите ќе земаат 5,5 проценти, кумулативно од 1 јануари над 20 проценти“, рече Вучиќ.

„Србија денеска ги надмина Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина по просечни плати, а јавниот долг е 50 отсто од БДП“, истакна претседателот.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Војската нема да влезе во Косово, Србија сака да стане членка на ЕУ

Вучиќ до опозицијата: Имате 79 дена да се подготвите за избори

Вучиќ: „Еди Рама молчеше кога терористи убија осум полицајци во Куманово, а еден од терористите има и споменик

Предраг Петровиќ

Вучиќ: КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово

Вучиќ: Не сметаат за виновни за проблемот на Косово

Вучиќ: Секој играч поединечно ќе добие по 200.000 евра за златото од Париз

Горан Наумовски