Вучиќ: Унгарија е наш пријател и сојузник на патот кон Европа

Од:

Српскиот претседател Алексадар Вучиќ денеска на свечената седница на општина Сента, каде присустуваше и неговиот унгарски колега Јанош Адер, изјави дека Унгарија е вистински пријател на Србија и сојузник на патот кон Европа.

Вучиќ нагласи дека денес Србија е силна и се развива.

– Со се што направивме ги зајакнавме искрените пријателски односи на двете земји, како и пријателството на двата народа, истакна Вучиќ.

Тој нагласи дека „Србија со своите дела цврсто покажа дека е на патот кон големите европски народи, научивме дека со векови нашиот пат кон Европа најчесто е преку Будимпешта и Виена“.

– Наша цел е независна и силна Србија, а силна Србија значи стабилен Балкан, потенцираше Вучиќ.

Српскот претседател посочи дека „нема ништо пологично од тоа, Унгарија да и биде на Србија сојузник на патот кон Европа“.

Тој наведе дека двете земји најмногу ги поврзуваат 250.000 – 300.000 Унгарци кои живеат во Војводина.

Вучиќ истакна дека Унгарците во Србија се „свои на своето“ и им се заблагодари за поддршката во реформите и развојот на Србија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија