Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека странски безбедносни служби побарале да им биде предаден Коста Кецмановиќ, момчето кое го изврши масакрот во белградското основно училиште „Рибникар“.

„Во мојата канцеларија ден по трагедијата го побараа К.К. со образложение „нема да можете да го казните, а тоа дете мора да живее – препуштете ни го“ и така натаму. Одбив да разговарам на таа тема, бидејќи знам колку би било неправедно кон семејствата на жртвите. Тоа ни го побара претставник на странска држава и странска служба“, рече Вучиќ и додаде:

„Трагедии се случуваат, секогаш ќе се случуваат, а нечесните луѓе секогаш ќе бараат да најдат простор за себе. Почесните ќе гледаат како да тагуваат и како да ја намалат можноста за повторување на такви дела“.

Би можело да ве интересира

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Брнабиќ: Здравјето на претседателот е сериозно нарушено

Вучиќ е примен на Воено медицинската академија во Белград

Горан Наумовски