Вучиќ: Србија нема да воведе санкции за Русија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повтори дека неговата земја никогаш нема да воведе санкции за Русија, како што рече тој „иако е под притисок и се уште ќе биде под притисок“.

„Ние сме на пат кон Европската унија, но сепак, ќе ја зачуваме својата позиција и нема да ги расипеме односите со Русија“, рече претседателот на Србија во интервју за руската агенција Тасс, чиј дел беше емитуван.

Вучиќ исто така потенцираше дека и Србија била под санкции и како што рече тој „тие не претставуваат најдобри политики во меѓународните односи“.

„Србија плати висока цена, но тоа не вроди со добри резултати“, додаде Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он