Вучиќ: Србија нема да наложува санкции на Русија, но ќе го следи европскиот пат

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ повтори денеска дека Србија нема да наложува санкции на Русија.

– Србија има Влада која самостојно донесува одлуки во согласност со интересите на земјата, рече Вучиќ.

– Ние сме на европскиот пат, но политиката на Србија не се промени ненадејно, истакна Вучиќ во коментар на изјавата на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан.

Еврокомесарот ја повика вчера Србија да ја усогласи својата политика со европската и да воведе санкции против Русија.

На 20 ноември Јоханес Хан ќе пристигне во прва посета на Србија. Во пресрет на посетата Хан во Брисел изјави дека го разбира фактот оти „Србија има своја историја и односи со Русија, но во одреден момент треба да ја усогласи својата политика, во согласност со надворешната политика и одлуките на ЕУ“.

Србија се надева да стане членка на ЕУ во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград