Вучиќ: Србија ја поддржува соработката и интеграцијата на Западен Балкан

Од:

Србија ќе продолжи со политиката на регионалната соработка на Западен Балкан, бидејќи целиот регион треба да напредува на патот кон европските интеграции, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ на средбата во Белград со генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу.

За време на првата службена посета на Брегу на Србија, како што соопшти РЦЦ, станало збор за важноста на „повеќегодишниот акциски план за регионален економски простор“, што го договорија премиерите на земјите од Западен Балкан на Самитот во Трст во 2017 година.

Со планот се предвидува поголема мобилност и повеќе инвестиции во регионот, како и нов регионален договор што ќе доведе до укинување на роамингот во 2021 година.

„Во наш заеднички интерес е да напредуваме како регион кој јасно зборува меѓу себе дека сме потребни едни на други. Најефикасен пристап кон интерацијата на Западен Балкан е да се продолжи со работата на мобилноста, нулта тарифите во роамингот, трговијата и инвестициите, се заедно насочено кон воспоставување на заеднички економски регионален простор“, изјави Брегу.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

А1он

Вучиќ: Мојот став не е променет во однос на преодната влада, ниту улицата ќе го смени

А1он

Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за Македонија и земјите од Западен Балкан

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ: Среќен сум што го променивме ликот на Србија

А1он