Вучиќ: СПЦ може да служи литургии за Велингден, но без присуство на луѓе

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека „не може да прави исклучоци и ќе го замоли патријархот на СПЦ Иринеј велингденските служби да се одржат без присуство на луѓе“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Опасноста од вирусот и натаму е голема и ние не можме да првиме исклучоци. Нашата работа е да ги штитиме животите на луѓето и јас денеска повторно ќе го повикам патријархот Иринеј за да го замолам службите да се одржат, но без присуство на луѓе, а сите телевизии сигурен сум дека ќе прават преноси и така ќе ги сочуваме нашите животи, изјави Вучиќ на прес конференција со членот на претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Тој додаде дека ќе се држи до словото на законот и дека нема да ги спречува свештениците во одржување на литургиите, за што доби подршка од Милорад Додик.

По барањето на СПЦ за овозможување на присуство на верници за време на неделната Велингденска литургија, Вучиќ вчера гостувајќи на ТВ Дневникот на РТС изјави дека ќе и „предложи на владата полицискиот час за време на Велингденските празници да трае 84 сата, почнувајќи од петок во 17 часот до вторник во 5 часот.“

Би можело да ве интересира

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда