Вучиќ со одговор за Палмер: Ми личи на шега барањето да го признаеме Косово

Од:

Србија е подготвена за раговори и постигнување компромис за Косово, но никогаш нема да се согласиме на понижување, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ и кажа дека го изненадил фактот дека пратеникот на американскиот претседател, Метју Палмер говори само за обврските на Белград, а никако и за обврските кои ги има Приштина.

-Ако е се така како што кажа Палмер, тогаш не знам за што да разговараме, изјави Вучиќ за „Новости“ коментирајќи ја изјавата на помошникот државен секретар на САД кој во во Приштина кажа дека Србија нема никогаш да влезе во ЕУ доколку не го признае Косово.

-За тоа во кој момент да го признаеме Косово, а тие за возврат да ни ги укинат таксите? Мене тоа ме потсетува на некоја шега. Во секој случај, подготвени сме за разговори и за постигнување компромис, но понижување на Србија нема да има, рече Вучиќ.

Прашан да ја коментира заканата на Палмер за санкции, доколку Србија набави антиракетен руски систем С-400, Вучиќ рече:

-Не набавивме С-400, а за се друго тие и тоа како добро знаат и не претставува никаков проблем. Но и тоа говори многу за нивниот однос. Ако видиме што се набавија Хрватите од Американците, тоа секако не е проблем. Тоа покажува дека постојат различни аршини за различни земји, рече Вуќиќ.

Палмер во понеделник доаѓа во Белград.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе барам одговорност за секое насилство врз секој граѓанин на Србија додека сум жив

А1он

Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он