Вучиќ: „Се поблиску сме до голем светски конфликт“

Од:

„Сакам да изразам искрено сочувство до граѓаните и раководството на Русија со надеж дека терористите ќе бидат уапсени и се надевам дека тоа никогаш нема да се повтори. Трагичен настан кој има свои несогледливи последици. Нема сомнеж дека ќе има биде натамошна ескалација во Украина“, рече Вучиќ во гостувањето на телевизијата ТВ Прва.

„Секој ден сме се поблиску до голем светски конфликт кој, се плашам, ќе однесе повеќе животи од Втората светска војна“, додаде тој.

„Сликите се навистина морничави. Во секој случај, за нас е важно што сме една од најбезбедните земји во светот. Важно е да ги преземеме сите неопходни мерки. Никогаш не можете да бидете сигурни што ќе се случи некаде и како , но треба да испратиме полиција да ги запоседне трговските центри, стадионите, секаде каде што имаме голем број луѓе. Да се ​​подготвиме за тоа, да го спасиме нашето население“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Вучиќ поради здравствени причини ја прекина посетата на САД

Вучиќ потврди дека оди на парадата во Москва: Му ветив на Путин

Вучиќ: Ќе барам одговорност за секое насилство врз секој граѓанин на Србија додека сум жив

А1он