Вучиќ се облече во традиционална национална чеченска наметка, Кадиров му испратил подароци

Од:

„Рускиот народ е за нашиот братски народ, и вековната историја го докажала тоа многу пати, а руско-српските односи не можат да бидат уништени под никаков притисок“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со пратеникот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, објави порталот grozny-inform.ru.

Кабинетот на Вучиќ не објави соопштение за таа средба, а Даудов, претставен како советник на шефот на Чеченската Република за арапски и муслимански земји, на Инстаграм изјави дека се сретнал со српскиот претседател во понеделникот илустрирајќи со заедничка фотографија со Вучиќ.

На фотографијата со Даудов, Вучиќ е облечен во традиционална национална чеченска наметка, додека во раката држи шубара, подароци добиени од Кадиров кои му ги предаде неговиот советник и пратеник.

На почетокот на средбата Даудов ги пренел поздравите на шефот на Чеченската Република до претседателот на Србија и српскиот народ, а на крајот на средбата на Вучиќ му подарил национална наметка и капа, истакнувајќи дека „силата на Србите е слична на суровиот карактер на планинарите“.

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров е близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, а стотици чеченски доброволци се борат во руската инвазија на Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски