Вучиќ: Се надевам дека меѓународната заедница ќе ја вразуми Приштина

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изрази надеж дека меѓународната заедница ќе ја вразуми Приштина, бидејќи единствениот проблем кај Србија го гледа во односите со Косово.

Вучиќ, пред Минхенската безбедносна конференција, на која ќе учествуваат и претставници од Косово, на прашањето зошто е подобро да се разговара, укажа дека е подобро кога се разговара, отколку кога се удира.

-Не очекувам многу, вели Вучиќ, и забележа дека од Приштина секој ден, како што рече, стигнуваат „шизофрени пораки“.

-Од тоа се гледа оти не станува збор за доволно одговорни луѓе, вели тој.

Српскиот претседател смета дека ситуацијата околу Косово е единственото поради што се стравува.

-Економијата на Србија оди напред и покрај прогнозите за пад на економскиот раст
на европските економии, Србија ќе има натпросечен раст и единствениот проблем, кој го гледа за нашата земја се односите со Приштина, забележа Вучиќ.

-Се надевам дека ќе ги вразумат. Тоа е единствената мака која ја гледаме, потенцира Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Трамп обезбеди прекин на огнот во Газа уште пред да ја преземе функцијата

Вучиќ: Се подготвува голема реконструкција на Владата на Србија

Горан Наумовски

Брнабиќ ќе поднесе потписи за референдум за доверба на претседателот Вучиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Вучиќ: Уште една лоша вест, не можеме да очекуваме повеќе гас од Азербејџан

Горан Наумовски

Вучиќ: Странски служби го бараа убиецот од „Рибникар“

Горан Наумовски