Премиерот на Република Србија, Александар Вучиќ по вонредната седница во Белград изјави дека не се работи за инцидент, туку за добро организиран напад.
Тој рече дека пристојно бил дочекан во Сребреница, но и дека слушнал неколку навреди упатени кон него. Според српскиот премиер зад нападот стојат навивачи на еден фудбалски клуб од Србија, односно од Нови Пазар и од два клуба од БиХ.
– Кога излегувавме, одеднаш, една група навивачи почна да довикуваат со навреди кон мене, почнаа да фрлаат со предмети, а јас сакав само да прашам:
Зошто ме напаѓате? Зошто фрлате предмети по мене кога ви поддадов рака, рече Вучиќ на прес конференцијата во Белград.
Според него, нападот бил добро организиран, но не од страна на семејствата на загинатите.
– Видов дека оградата беше пробиена на едно место, не е можно тоа да не го забележале претходно. Нашите звтомобили се искршени, освен едниот кој е блиндиран. Погоден сум со камен во устата, наочарите ми се скршени. Жал ми е што се случи вакво нешто, поради тоа што некои луѓе не препознаа дека се заложувам за помирување.
Но без оглед на тоа што видов омраза каква досега немам видено, мојата рака останува испружена кон бошњачкиот народ, рече Вучиќ.
– Будали има кај секој народ, не сме ниту ние во дефицит, додаде тој и рече дека “знае како мнозинството Бошњаци не се согласуваат со тоа што се случи денеска“.
– Би им порачал на сите Срби гордо да чекорат, никогаш и никаде да не покажуваат омраза кон соседите Бошњаци. Ние со нив мора да живееме во иднина. Доста беше од мртви, доста беше бес. А, не сакам да зборувам за оние политичари кои го организираа ова, бидејчи кај нас Рама доаѓаше по инцидентот кои што тие го предизивкаа и не му фалеше влакно од главата, рече Вучиќ.
Тој повтори дека на Бошњаците уште еднаш им ја поддава раката, а на народот во Република Српска им порача:
– Народот не треба да се чувствува понижено и навредено бидејќи ние гордо ја држевме нашата глава, зашто знаевме дека се гнасиме од тие што учествуваа во злосторствата, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека некои политичари во БиХ, подгревајќи ја атмосферата не биле свесни што можеле да му направат на својот народ.
– Сакам луѓето да разберат дека со насилство не можат ништо да добијат, тие денеска само ги повредија семејствата на жртвите, повеќе од било кој друг. Што направија? Жал ми е за семејствата кои на овој ден слушаат за повеќе за некои будали, наместо за жртвите, рече српскиот премиер.