Вучиќ: Признавањето на Косово ќе го разврзе „Гордиевиот јазол“, но ние нема да го сториме тоа

Од:

Единственото решение за Косово во моментов што ќе го разврзе „Гордиевиот јазол“ е српската Влада да ја признае независноста на Косово, но тоа не може и тоа нема да се случи, изјави денеска во српскиот Парламент, Александар Вучиќ, за време на дебатата за изборот на нова Влада, пренесе Танјуг.

Одговарајќи на изнесениот став на лидерот на Либерално-демократската партија, Чедомир Јовановиќ, Вучиќ кажа дека во Србија луѓето често пати взаемно се лажат дека Косово е нивниот најскапоцен збор, но некои луѓе премалку знаат за Косово, како на пример, не знаат каде е Глоговац и дали таму живеат Срби.

-Точно е дека незнаењето во голема мера води кон екстремизам, но тоа не значи дека имаме право да се откажеме од нашата територија, бидејќи по тој принцип во многу земји ќе дојде до промени на границите, изјави Вучиќ.

Вучиќ подвлече дека владата извршила тешка и важна работа со Бриселскиот договор, изедначувајќи го со Дејтонскиот договор, што ги штити правата на Србите и ја чува Република Српска.

Вучиќ уште додаде дека Србите треба да разговараат со Албанците, бидејќи тоа претставува национално одговорна политика. 

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ