Вучиќ: Предвремени избори не се најдоброто решение за Србија

Од:

Лидерот на Српската напредна партија (СНС) и прв српски вицепремиер Александар Вучиќ денеска изјави дека побарал од Претседателството на неговата партија да не размислува за предвремени избори.

Тој нагласи дека СНС ќе ја продолжи владината коалиција со Социјалистичката партија на Србија (СНС) и дека нема да има предвремени избори.

– Тие едногласно го прифатија моето барање. Избори не се најдоброто решение за Србија. Пред нас се наоѓаат голем број важни договори и стабилноста е значајна. Најголемиот проблем, кој веројатно е нерешлив, е атмосферата во која работи Владата, истакна Вучиќ по седницата со раководството на СНС.

Српскиот вицепремиер додаде дека имињата на новите министри во реконструираната влада ќе бидат познати по 20 август.

Би можело да ве интересира

Експлозија во воената фабрика „слобода“ во Чачак, двајца повредени

На фарма во Србија е пронајдена шпионска опрема и опасни материи

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Србија е поразенa од Шпанија со 3:0

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации