Претседателот на Србија, Александар Вучиќ по 19 часот ќе се сретне со Србите од северот на Косово, кога ќе се види нивната одлука дали ќе се повлечат од барикадите, изјави Петар Петковиќ.
„Во 19 часот ќе полета хеликоптерот со кој претседателот Вучиќ ќе ги пречека Србите од север на административниот премин. Во секој случај, во моментот кога бевме на работ на конфликт, успеавме да го задржиме мир и чекаме да видиме каква ќе биде одлуката на Србите од северот. Како и секогаш кога имаме добри вести не се жалиме туку добивме силни гаранции и тоа е важно“, рече Петковиќ.