Вучиќ од Париз: Маските паднаа, насилниците ќе бидат казнети

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ вечерва во обраќање од Париз, каде учествува во разговори со европските и косовските челници, порача дека сите „насилници и тајкуни“ во Србија кои учествуваат во организацијата на протестите, ќе бидат поразени, а добар дел од нив ќе бидат уапсени.

„Овде станува збор за групација од насилници на тајкунските политичари и деца на тајкуните кои се обидуваат да ги излечат своите фрустрации,“ рече Вучиќ.

„Насилниците ќе бидат поразени, добар дел и ќе бидат уапсени, ќе мораат да одговараат за своите недела. Мислам дека денес и вчера сите маски паднаа. Можете да правите нешто еден или два дена, третиот ден веќе не оди,“ истакна српскиот претседател.

„Видовте како некои поранешни народни избраници инсистираат на насилство затоа што не примаат повеќе плата во Народното собрание. Но не, нема да дојдеш на власт со насилство,“ додаде тој.

Вучиќ повторно ги повика демонстрантите да се откажат од протестите порати тешката здравствена состојба во Србија и зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирусот.

„Луѓе, нашите лекари и сестри повеќе не можат да издржат, немаме веќе болници. Морам да им кажам големо благодарам и на полицајците кои го трпат сето тоа, факели на себе, луѓе кои се бодат со ножеви,“ рече Вучиќ.

Протестите во Белград вечерва повторно изминаа во знакот на инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, но со значително помал број луѓе, по воведувањето забрана за собири поголеми од десет луѓе.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Активисти ја пресретнаа и се расправаат со Ана Брнабиќ

А1он

Генералниот штрајк во Србија како форма на граѓанска непослушност, одговорија многу општествени групи

ВИДЕО: Србија во генерален штрајк на кој повикаа студентите

Катерина Ѓуровски

Започна осмиот по ред протест „Србија против насилството“

ВИДЕО: Српската опозиција призна дека објавувале и лажни фотографии со поголема посетеност