Вучиќ: Неопходно е да се заштитат Србите на Косово

Од:

Министерот за одбрана на Србија, Александар Вучиќ денес во разговорот со командантот на Европската вооружена сила на САД, Џејмс Ставридис истакна дека е неопходно да се заштитат српските жители на Косово.

Вучиќ изрази благодарност поради ангажирањето на силите на Кфор, во заштита на Пеќката патријаршија и манастирот Дечани, наведе министерството за одбрана на Србија.

На состанокот размениле мислења за актуелната ситуација во регионот, на просторот на јужната српска покраина Косово и Метохија, обемот и начините на ангажирање на Кфор во наредниот период и соработката на Србија со НАТО и САД, се наведува во соопштението.

Вучиќ и Ставридис разговараа за понатамошна соработка во оквир на НАТО програмот, Партнерство за мир и учеството на припадниците на војската на Србија во мировните операции, под знамето на ЕУ и ОН.

Министерот за одбрана на Србија и американскиот генерал се сретнаа во рамките на последната посета на Ставридис на државите во регионот, пред неговото заминување во пензија.

Би можело да ве интересира

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он

Вучиќ ги пречека земјоделците кои пристигнаа за саботниот митинг во Белград

Горан Наумовски