Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната прес-конференција изјави дека парламентарните избори во Србија ќе бидат распишани пред законскиот рок и дека „не размислува“ за промена на Уставот за да може повторно да се кандидира за претседател.

„Дали ќе помогнам некому и ќе се борам за оние за кои мислам дека можат да ја водат Србија во иднина за да постигнат успех на изборите? Секако ќе го направам тоа, а од која позиција, во овој момент, не е темата, ниту би можел самиот да го кажам“, рече Вучиќ на конференцијата со австрискиот канцелар Кристијан Штокер во Белград.

Вучиќ рече дека, „за среќа“, „ниту австриските новинари ниту блокадите“ не се одговорни за распишување на изборите, туку српските институции. Тие, рече тој, ќе ги распишат изборите во согласност со Уставот и законите, веројатно пред законскиот рок.

Изборите ќе покажат што ќе каже народот, рече Вучиќ, додавајќи дека Србија се соочува со многу насилни протести, како синоќешните. Ова се протести каде што поддржувачите на Вучиќ ги нападнаа демонстрантите со огномет, иако српската полиција тврди дека демонстрантите биле тие што нападнале.

Вучиќ ги критикуваше австриските медиуми, велејќи дека во нивните извештаи за протестите во Србија „не може да се чуе различно мислење“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ: Милан Богдановиќ ме замоли наскоро да се сретнеме со него во Чациланд и му го ветив тоа

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Го поздравувам процесот за ажурирање на список на гласачи и постигнатиот договор за Советот на РЕМ

Горан Наумовски

Вучиќ : За Србија членството во Европската Унија е стратешка определба

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Путин: Некои европски центри на моќ се обидуваат да организираат шарена револуција во Србија

Генералот Павковиќ ќе биде пуштен на слобода од хашкиот затвор