Вучиќ: Нема да има враќање во институциите на Косово додека не се исполнат двете барања што ги поставија Србите

Од:

Србите нема да се вратат во институциите на северот на Косово се додека не се исполнат условите поставени од нив, односно повлекување на одлуката на Приштина за регистарски таблички и формирање Заедница на српски општини, изјави денеска во Париз српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој додаде дека во август во Брисел се зборувало за претстојниот проблем со личните карти и регистарските таблички.

„Србија тогаш за личните карти предложи нешто што не ни е лесно, но е во рамките на нашата политика и Отворен Балкан и се друго што е невозможно некој да одбие, да се надмине таа ситуација“, рече Вучиќ, јави Бета.

На прашањето дали на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон се разговарало за француско-германскиот предлог кој предвидува одредени решенија за косовското прашање, Вучиќ рече дека Србија „одговорила на нон-пејпер со нон-пејпер“, потсетувајќи дека неколку дена претходно испратил официјален одговор на тој предлог.

Во врска со евентуално воведување санкции за Русија тој нагласи дека Србија можеби ќе успее да го промени ставот само доколку, како што рече, „Дамоклов меч буквално ѝ виси над глава“.

Според него, во моментот не е таква ситуацијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски