Вучиќ: Наскоро на опозицијата ќе и биде „отсвирен“ крај

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека како што стојат работите следната сабота, за кога е најавен голем протест во Белград, опозицијата ќе се обиде да направи нешто со насилство и порача дека тогаш, како што рече, ќе им биде „отсвирен“ крај.

„Знаат дека немаат повеќе време, па ќе мора да фрлат сè на една карта. За жал, ќе се обидат да направат нешто со насилство и тогаш ќе сфатат дека тоа е крајот за нив. Многумина што ќе извршат злосторства ќе завршат зад решетки, а другите ќе сфатат дека ги излажале овие политичари кои им ветиле дека нешто може да се направи со насилство, и така ќе заврши играта. Тоа е тоа. Така да, како што стојат работите во сабота навечер ќе им биде „отсвирен“ крај.

Тој нагласи дека преживеал многу, но не и дека некој, како што се случи синоќа во Белград, ќе ги нападне децата само затоа што сакаат да учат.

На новинарско прашање за поканата на опозицијата до сите да дојдат на големиот протест и прашањето како да се спречи насилството, Вучиќ одговори дека не мора ни да поканат никого бидејќи, како што рече, сите доаѓаат.

„Сите потекнуваат од овие бизнисмени, тајкуни, овие мултимилионери, секакви. И како го спречувате насилството? Не можете да спречите насилство кога некој сака насилство. Ако некој сака да ве удри, не можете да го спречите. Можете да го казните лицето што го сторило тоа. Можете да ги уапсите и да ги казните, и да ги спречите да вршат понатамошно насилство. И луѓето кои се решени да ги спречат“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Генералот Павковиќ ќе биде пуштен на слобода од хашкиот затвор

Вучиќ од Њујорк: Америка ќе воведе санкции врз НИС на 1 октомври

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик за љубовта што ја покажува кон Србија

Горан Наумовски

Вучиќ: Должни сме да го заштитиме тешко стекнатиот мир и слобода обединети под знамето

Вучиќ откри: Делови од полицијата беа подготвени да учествуваат во обоената револуција – ги насочија цевките кон „Чациленд“

Вучиќ: Собирите против блокадите стануваат сè побројни, нервозата кај блокадерите се зголемува

Горан Наумовски